Сензација на Марибор во Москва, Бешикташ сигурно прв

Бешикташ и Порто ремизираа 1-1 во првиот меч од петтото коло во Лигата на шампионите, резултат со кој турскиот клуб не само што си го осигура пласманот во следната рунда, туку и првото место во својата група. Гостите од Португалија први дојдоа во водство, но огромниот гол за Бешикташ го постигна Талиска, по извонредната соло-акција и несебичното додавање на Ченк Тосун.

Спартак Москва по голема битка не успеа да го совлада аутсајдерот Марибор, ремизирајќи 1-1. Цели 82 минути фудбалерите на рускиот првак се мачеа да го скршат отпорот на „фенерџијата“, не создадоа ниту премногу шанси, за конечно топката по една мешаница да дојде до Зе Луис, кој од пет метри немаше проблем да ја смести во мрежата. Марибор не се предаде, одигра храбро до крајот и заслужено израмни со голот на Мешановиќ во 91. минута.

Се вчитува...