СЕНЗАЦИЈА: Виган го елиминираше Манчестер Сити од ФА Купот

Англискиот третолигаш Виган ја елиминаше екипата на Пеп Гваридола, Манчестер во осминафиналето од ФА Купот, со мининални 1-0. Виган слави голема победа над лидерите во Премиер – лигата и закажа средба со Саутемптон во четвртфиналето од ова натпреварување.

Единствениот погодок го постигна Вил Григ во 79.минута од средбата по една катастрофална грешка на одбраната на Сити, а „граѓаните“ до крајот не успеаја ја „скршат“ одбраната на домашниот состав. Сити на мечот играше со играч помалку цело второ полувреме, откако Делф заработи директен црвен картон по катастрофален прекршок.

За тимот на Гвардиола ова е вкупно трет пораз сезонава во сите натпреварувања, а Виган славеше и во последниот дуел против Сити во ова исто натпреварување, но тогаш играа финале во кое славеа со резултат од 2-1.

Се вчитува...