Сензација во АСОБАЛ - Гвадалахара ја прекина серијата на Барселона - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Сензација во АСОБАЛ – Гвадалахара ја прекина серијата на Барселона

Сензација во АСОБАЛ – Гвадалахара ја прекина серијата на Барселона

Борко Ристовски со Барселона беше на праг на првиот пораз во АСОБАЛ лигата по 133 победи на каталонскиот тим во серија. Гвадалахара предводена од легендарниот шпански голман Хозе Омбрадос, стави крај на рекордната  победничка серија и на неприкосновеноста на Барселона во шпанската АСОБАЛ лига. Во натпреварот од 13.коло во шпанската лига, Гвадалахара на домашен терен одигра нерешено против Барселона 26-26. Ова е прв загубен бод за каталонскиот тим во АСОБАЛ лигата сезонава по 12 победи по ред, односно прв загубен бод по вклупно 133 последователни победи. Последниот пораз на Барселона во АСОБАЛ лигата е од Ла Риоха во Логроњо од мај 2013 година (33-31).

Барселона на полувремето имаше предност од 16-13, но домашниот тим не се предаваше и во втората половина од мечот успеа да се избори за историско реми. Во завршните три минути домашниот тим влезе со предност од 26-25 и на двапати имаше напад за +2. Но, домашните ракометари одиграа брзоплето во нападот и не ја искористија шансата. А на спротивната страна прецизен беше Валеро Ривера постигнувајќи го изедначувачкиот гол за 26-26. На 40 секунди пред крај Гвадалахара имаше напад за победа, но овој пат Перез де Варгас успеа да го одбрани ударот и да ја спаси Барселона од пораз.

Нападот на Гвадалахар го предводеше Хозе Марија Колома со девет гола, но играч број еден на домашниот тим беше ветеранот на голот, Хозе Омбрадос со 17 одбрани. Во невообичаено лошото издание на Барселона, најефикасен беше Валеро Ривера со седум погодоци. Перез де Варгас запиша седум, а Борко Ристовски заврши со шест одбрани на голот на Барселона.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.