Сензација во најава: Џоел Ембид ќе игра за Франција?

Француската кошаркарска федерација ќе започне преговори со младата ѕвезда на Филаделфија, Џоел Ембид, за добивање на државјанство со цел да игра за селекцијата на „триколорите“. Претседателот на федерацијата, Патрик Бизли, за време на НБА натпреварите кои се одржуваа во Лондон, истакна дека веројатноста Ембид да заигра за Франција е голема, а посочи дека и самиот кошаркар има таква желба.

„Ембид да игра за Франција? Зошто да не. Доколку тој сака тогаш се е можно. Ние секако сме подготвени да ги обезбедиме сите услови за него, а да се има таков талентиран поентер во тимот ќе биде голем плус за нас. Во февруари ќе патувам за САД и јас лично ќе разговарам со Џоел“, истакна Бизли.

Дури и самиот кошаркар истакна дека доколку некогаш би посакал да игра на репрезентативно ниво, Франција за него е добра можност, и покрај тоа што неговото потекло е од Камерун. 23-годишниот центар во 2017 ја одби федерацијата на Камерун за да игра на првенството на Африка, со цел да се фокусира на на неговиот напредок во НБА – лигата.

„Секако дека не сум од Франција, но имам многу роднини и пријатели кои живеат таму. Доколку некогаш се одлучам да играм на репрезентативно ниво, секогаш тука е мојот роден Камерун, но Франција исто така е можност која ретко се одбива“, истакна Ембид.

Талентираниот кошаркар оваа сезона има „дабл-дабл“ просек со 23.5 поени и 10.8 скока по натпревар. Ембид е еден од најдоминатните центри под обрачите, и во напад и во одбрана.

Се вчитува...