Сер Алекс одбил да го доведе Зидан во Јунајтед

Најтрофејниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон во 1995 година одбил да го доведе Зинедин Зидан, открива поранешниот претседател на клубот, Мартин Едвардс. Едвардс вели дека Зидан не го облече „ѓаволскиот“ дрес поради што во тимот веќе бил Ерик Кантона, и двајцата играле на иста позиција.

„Кога Зидан играше за Бордо, еден од нашите скаути ме убедуваше дека треба да го купиме, според него тој поседувал голем потенцијал,  но Фергусон одбил бидејќи во тимот на негова позиција веќе играл Ерик Кантона. Кантона тогаш се врати по инцидентот со навивачот од Кристал Палас, преговаравме за нов договор и Фергусон не сакаше да ги комплицира работите. Зидан потоа замина од Франција и направи фантастична кариера“, истакна Едвардс за фан телевизијата на Јунајтед.

Се вчитува...