Сер Боби Чарлтон му го честиташе рекордот на Руни

Вејн Руни го спаси Манчестер јунајтед на вчерашното гостување против Стоук, постигнувајќи фантастичен погодок за израмнување (1-1) во судиското продолжение од мечот. Тоа беше преубав гол од слободен удар, но исто така и 250.погодок што Вејн Руни го постигна во дресот на „црвените ѓаволи“. Со тоа го урна рекордот на сер Боби Чарлтон и стана најдобар стрелец во историјата на клубот од „Олд трафорд“.

Wayne Rooney Goal HD – Stoke City 1-1… by Live1Goals

Легендарниот сер Боби Чарлтон го чекаше Руни во подтрибинскиот простор и лично му честиташе на големото остварување. Руни не можеше да го сокрие емоциите.

„Овој момент ќе го паметам до крајот на животот. Му благодарам и на сер Боби Чарлтон, тој е легенда, јас не сум се уште свесен кого успеав да го надминам, барем во бројот на погодоците“, изјави Вејн Руни.

Се вчитува...