Серена Вилијамс го кажа судбоносното „ДА“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
23/05/2017 20:09
Фудбал
23/05/2017 17:45
Кошарка
23/05/2017 17:06
Фудбал
23/05/2017 14:20

Серена Вилијамс го кажа судбоносното „ДА“

Серена Вилијамс го кажа судбоносното „ДА“

Серена Вилијамс преку своите профили по социјалните мрежи ја сподели среќната вест со своите фанови – најдобрата светска тенисерка ја прифатила понудата за брак од своето момче, ко-сопственикот на „Reddit“ Алексис Оханиан.

Американката 35-годишна тенисерка повеќе од една година се забавуваше со Оханиан, кој решил да го направи следниот чекор во врската.

Дојдов дома малку доцна, некој ми ја имаше спакувано торбата. Превозот чекаше – дестинација Рим, да ме доведе до мојот специјален „Принц“. Таму каде што ѕвездите првпат ни се судрија, сега тој круг беше заокружен. На истата маса каде првиот пат се сретнавме случајно. Овојпат не беше случајно, туку со намера – клекна на едно колено и кажа четири збора – јас реков ДА“ – ја опиша Вилијамс целата „бајка“.

Веднаш под постот на Вилијамс на профилот на „Редит“ следеше и одговор од Оханиан: „Ме направи најсреќниот маж на светот“.

Датумот на свадба дополнително ќе биде објавен, но јасно е дека тенисерката се ближи до крајот на својата кариера и нема да биде изненадување ако во следниот период се посвети целосно на семејството, повлекувајќи се од спортот каде доминираше во изминатите години.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.