Серена Вилијамс и Вознијацки во третото коло на Индијан Велс

Американската тенисерка Серена Вилијамс успешно го мина и второто коло на турнирот Индијан Велс, по нејзиното враќање на тениските терени по породувањето. Таа со 2-0 во сетови (7-5, 7-6) ја совлада Кики Бертенс и во следното коло ќе се сретне со својата сестра Венус Вилијамс.

Каролина Вознијацки исто така имаше успешен настап. Таа беше подобра од Шпанката Лара Арубарена со во сетови (6-4, 6-1), додека четвртата носителка Елина Свитолина ја совлада Германката Мона Бартел со 2-0 во сетови (6-4, 6-3).

Во машка конкуренција, елиминиран е третиот носител, Григор Димитров, кој загуби со 2-1 во сетови (6-7, 6-4, 3-6) од Шпанецот Фернандо Вердаско. Роџер Федерер ќе треба да го доигра својот меч против Федерико Делбонис. Швајцарскиот ас има водство од 1-0 во сетови, а мечот поради дожд беше прекинат при 2-2 во гемови во вториот сет.

Се вчитува...