Серхио Љуљ – МВП на Евролигата

Во ситуација кога со Реал Мадрид не успеа да стигне до финалето во Евролигата, на Серхио Љуљ како утешна награда му остана изборот за МВП во Евролигата за натпреварувачката сезона 2016/2017. Шпанскиот ас претходно беше избран за член на идеалната петорка, заедно со Де Коло, Богдановиќ, Принтезис и со Удох, за денеска и официјално да биде избран за најкорисен кошаркар во елитното европско клупско кошаркарско натпреварување.

Секако дека сум возбуден по едно вакво признание, кое ми го испишува името во историјата на Евролигата. Сепак, ова е само индивидуална награда, која јас без размислување би ја заменил за место во финалето и можност повторно да се борам за трофејот“ – изјави Љуљ, кој сезонава имаше одличен просек од 16,4 поени и 5,9 асистенции по натпревар.

Тој стана трет шпански кошаркар кој стигнува до големото признание, по Хуан Карлос Наваро во 2009 и Серхио Родригез во 2014 година.

Се вчитува...