Шкендија продолжува со победничкиот чекор во домашниот шампионат откако во 16. коло од ПМФЛ славеше убедливо пред своите навивачи со 4-0 против екипата на Скопје.
Хет-трик запиша капитенот Ферхан Хасани издвојувајќи се како најзаслужниот за триумфот на својата екипа. Хасани погоди уште во 11. минута, потоа од пенал во 38. минута и третиот гол го запиша во 60. минута од средбата. Егзон Бејтулаи беше стрелец на третиот гол во 53. минута.
Во главно рамноправен натпревар во Струмица, Академија Пандев и Работнички ремизираа 1-1 во драматична завршница. Домашните поведоа благодарение на голот на Зоран Балдовалиев во 51. минута по една брза акција на домашните и одлично проигрување од Ѓорѓи Марков.
Но, откако се чинеше дека Академија Пандев ќе триумфира, во четвртата минута од судиското продолжение Бразилецот Сержо Јуниор постигна евро-гол по проигрувањето од Кире Маркоски за конечни 1-1.
Силекс, пак, брзо заборави на претходниот пораз од Шкендија во Кратово, и сега на гостувањето против Победа во Прилеп сосема заслужено дојде до триумф од 0-2. Стрелци на головите за составот на Жикица Тасевски беа Филип Тимов во 20. минута и Милош Ѓорѓевиќ во 65. минута.
Шкупи и нанесе уште еден убедлив пораз на Ренова, по оној претходниот од Вардар. Сега чаирчани славеа со 4-1 благодарение на головите на Стојкоски, Јашароски во два наврати и Адем.
РЕЗУЛТАТИ… ПРВА ЛИГА – 16. КОЛО
Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА (4-1)
Стојкоски 13′, Јашароски 20′, 59′, Адем 71′ – Јусуфи 30′
Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (1-1)
Балдовалиев 51′ – Сержо Јуниор 90’+4
Прилеп: ПОБЕДА – СИЛЕКС (0-2)
Тимов 20′, Ѓорѓевиќ 65′
Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (18 ч.)
ТАБЕЛА: Шкендија 40 бода, Вардар(-3) 26, Академија Пандев 25, Силекс 25, Работнички(-1) 20, Шкупи(-1) 18, Ренова 17, Пелистер(-1) 15, Победа 15, Скопје(-1) 9 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА