Севилја го губи здивот зад фаворитите

Фудбалерите на Севилја се повеќе го губат здивот во трката за титулата во Примера, откако андалузискиот клуб ремизираше 1-1 на домашен терен против Леганес. По ремито со идентичен резултат на гостувањето против Алавес во минатото коло, овојпат Севилја потфрли пред своите гледачи во натпревар на кој избраниците на тренерот Сампаоли одиграа далеку под своите можности.

Гостите први поведоа по неполни две минути, Јоветиќ израмни во финишот од полувремето, а во вториот дел Леганес со фантастичен пресинг целосно ги неутрализираше домаќините, не дозволувајќи им да создадат ниту една стопроцентна шанса за гол.

Севилја со ова реми има 57 бода, три помалку од лидерот Барселона, но и натпревар повеќе во однос на каталонскиот гигант.

0-1 Gabriel Amazing Goal Sevilla 0 – 1 Leganes… by gooooooooooal

Stevan Jovetic Goal HD Sevilla 1-1 Leganes 11… by kivancyildirim791

Се вчитува...