Шахистите на Алкалоид убедливи и против Падова, денеска дербито со Глобус - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/10/2017 22:47
Ракомет
23/10/2017 17:02
Коментари
23/10/2017 13:15
Останато
22/10/2017 20:35

Шахистите на Алкалоид убедливи и против Падова, денеска дербито со Глобус

Шахистите на Алкалоид убедливи и против Падова, денеска дербито со Глобус

Шахистите на Алкалоид ја запишаа и четвртата победа на Европскиот куп кој се игра во Анталија, Турција, славејќи убедливо со 5,5-0,5 против Падова во петтата рунда натпревари.

Без поголеми проблеми „фармацевтите“ стигнаа до новиот триумф во мечот во кој единствено ремизираше Дмитриј Јаковенко на петтата табла. Поединечните победи ги запишаа Лирен Динг, Павел Елјанов, Дмитриј Андрејкин, Ју Јангжи и Јури Криворучко.

Шахистите на Гамбит, пак, го забележаа и вториот пораз, овој пат од Баја Маре со 1-5.

По 5. коло, Алкалоид до 8 бода е на делба на третата позиција, додека Гамбит со 6 бода е на делба од 9. до 17. место меѓу 36 екипи колку што учествуваат на Купот на шампионите.

Денеска од 15 часот во 6. коло, Алкалоид го игра можеби и клучниот меч во битката за одбрана на титулата против прворангираниот тим на Купот, ШК Глобус.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.