Шалке и Ајнтрахт ја продолжуваат битката за второто место во Бундеслигата

Шалке 04 и Ајнтрахт Франкфурт активно ја продолжуваат битката за втората позиција на табелата во Бундеслигата, откако славеа минимално но доволно за три бода од денешните мечеви од 25. коло.

Шалке дојде до триумф против Херта од 1-0 со голот на хрватскиот репрезентативец Марко Пјаца во 37. минута, кој дојде до вториот свој гол во германскиот шампионат.

До победа стигна и Ајнтрахт Франкфурт со 1-0 против Хановер со голот на Да Коста во 39. минута од средбата.

Во трката за второто место се приклучува и Баер Леверкузен кој дојде до триумф од 1-2 на гостувањето против Волфсбург.

РЕЗУЛТАТИ – 25. КОЛО

Аугсбург – Хофенхајм 0-2

Ајнтрахт Ф. – Хановер 1-0

Хамбуергер – Мајнц 0-0

Шалке – Херта 1-0

Волфсбург – Баер Леверкузен 1-2

Лајпциг – Борусија Дортмунд (18:30 ч.)

ТАБЕЛА: Баерн Минхен(-1) 60 бода, Шалке 43, Ајнтрахт Ф. 42, Борусија Д.(-1) 41, Баер Леверкузен 41, Лајпциг(-1) 38, Борусија М. 35,…

Се вчитува...