Шалке ја доби трката по Марко Пјаца

Марко Пјаца следните шест месеци ќе ги мине во Бундес-лигата носејќи го дресот на Шалке, клуб во кој ќе се обиде да си ја воскресне кариерата откако сезонава не доби шанса во дресот на Јувентус.

Тој се рехабилитираша од тешката повреда на коленото, но останува во заден план кај тренерот Алегри, поради што младиот Хрват самиот побара да му биде дозволено да замине на друг клуб во позајмица. Од неколкуте понуди Пјаца и Јувентус ја прифатија онаа на Шалке, како клуб кој му гарантира првотимски статус, но исто така и атакува на висок пласман.

Како што јавуваат италијанските медиуми, договорот ќе биде потпишан во следните 24 часа, а Јувентус ќе добие загарантиран еден милион евра, со можност за доплата од 500.000 евра преку неколку клаузули. Пјаца имаше солиден старт на авантурата во Јувентус по трансферот од Динамо Загреб, но младиот Хрват по повредата воопшто не беше дел од плановите на тренерот Алегри, кој пред него им даваше предност на Игуаин, Дибала, Манџукиќ, Коста и на Бернардески.

Се вчитува...