Шампионот во Формула 3 полага за возачка дозвола (ВИДЕО)

Мик Шумахер веќе е ѕвезда во мотоспортот, во болидите на Формула 3 и на Формула 4, со многу трки зад себе, но се уште не може да се качи во атомобил и сам да довози до патеката. Причината е едноставна – младиот Шумахер се уште нема возачка дозвола. Но, наскоро на тој проблем ќе му стави крај. Мик Шумахер кој наскоро ќе наполни 18 години, ги мина задолжителните часови по возење и наскро ќе ги полага тестовите за да добие возачка дозвола.

Синот на легендарниот Михаел Шумахер, сигурно чекори по стапките на својот татко во мотоспортот. Од оваа сезона, Мик Шумахер за прв пат ќе се натпреварува во шампионатот во Формула 3, откако минатата сезона заврши на второто место во италијанската и германската Формула 4.

„Со нетрпение чекам да дојде денот кога ќе можам да возам не само на патеката, туку и во реални услови на улица“ – коментира младиот Шумахер за германскиот „Билд“.

Мик Шумахер е дел од тимот на Мерцедес избран како млад амбасадор на германскиот бренд. Инспирирани од возачкиот курс на Мик и тестовите што треба да ги полага за возача дозвола, во Мерцедес направија забавен филм во кој покрај Мик Шумахер учествуваат и Нико Розберг и фудбалерот Менсут Озил.

https://www.youtube.com/watch?v=nGc81lf8TKshttps://www.youtube.com/watch?v=fKOeoTV8rmI

Се вчитува...