Шарапова и одговори на „злобната“ Вознијацки…

Русинката Марија Шарапова и одговори на Каролина Вознијацки за „прозивките“ дека таа не треба да добива можност да игра на Централниот терен на УС Опен, затоа што била казнета за користење стимулативни средства.

„Како што знаете, не ја правам јас програмата на УС Опен. Исто така сум многу мирна на тој план, па би прифатила да играм и на некој паркинг во Квинс. Јас сум среќна дека играм тенис. Единственото важно за мене е што сум во четвртото коло на УС Опен, а не сум сигурна каде е таа…“, ја ’пецна“ Шарапова данската тенисерка возвраќајќи за претходните напади.

 

Се вчитува...