Шарапова се откажа од Синсинати, ќе се чува за УС Опен

Марија Шарапова го откажа својот настап на претстојниот турнир во Синсинати, не сакајќи да ризикува повреда во пресрет на УС Опен, кој стартува на 28 август. Русинката се повреди на стартот од последниот турнир на кој настапи, во Станфорд, но во меѓувреме објави дека е „фит“ и ја прифати поканата да биде дел од турнирот во Синсинати.

Сепак, таа во последен момент утрово (турнирот стартува утре) обелодени дека нема да игра во Синсинати како претпазливост пред УС Опен.

Се консултирав со лекарите и донесовме заедничка одлука да не настапам во Синсинати, за да не ги загрозам своите шанси за УС Опен. Се надевам дека од следната година повторно ќе бидам дел од силниот турнир во Синсинати“  – порача Шарапова.

Претходно, настапот од овој турнир го откажа и Викторија Азаренка, од семејни причини, како и прворангираниот тенисер во машка конкуренција, Енди Мареј.

Се вчитува...