Шарапова се врати по суспензијата и победи на првиот меч во Штутгарт

Руската тенисерка Марија Шарапова се врати на тенисот по истекот на 15-месечната суспензија и успеа да победи на својот прв меч на ВТА турнирот во Штутгарт. Таа во два сета ја совлада Италијанката Роберта Винчи, с0 7-5, 6-3. Освојувачката на пет гранслем титули беше суспендирана затоа што беше позитивна на допинг – тест на „Мелдониум“. Таа доби вајл карта од организаторите на овој турнир, што предизвика многу негативни реакции кај нејзините ривалки.

Роберта Винчи се наоѓа на 36.позиција на ВТА – листата, додека Марија Шарапова нема ранкинг, затоа што сите бодови и се избришани по суспензијата. Противничка на Шарапова во второто коло ќе биде Екатерина Макарова, кога направи изненадување со елиминацијата на осмата тенисерка во светот, Агнешка Радванска, со 6-2, 6-4.

Се вчитува...