Шартр и Бешикташ со победи почнаа на „Струга 2017“, денеска стартува Металург

Францускиот Шартр и турскиот прволигаш Бешикташ со победи со започнаа својот настап на Интернационалниот ракометен турнир „Струга 2017“ кој по 47-ми пат се одржува на брегот на Охридското езеро.

Минатогодишниот победник Шартр синоќа славеше убедливо над домаќинот Струга со 34-16, додека Бешикташ беше подобар од шведскиот Алингсас, победувајќи со 29-26.

Во првата група, Шартр за место во финалето на турнирот се чини ќе треба да се бори со екипата на Металург кој е фаворит и за освојување на „Струга 2017“. Двете екипи се среќаваат вечерва од 20:45 часот.

Прв настап на турнирот ќе има и за РК Охрид кој се среќава со Бешикташ.

Се вчитува...