Шекспир доби тригодишен договор на клупата на Лестер

Англискиот фудбалски стручњак, Крег Лестер (53), кој привремено го водеше Лестер до крајот на сезоната, останува на клупата на ланскиот шампион и во наредните три сезони.

Со одличните игри на Лестер во втората половина од сезоната, Шекспир ја доби довербата од сопственикот на клубот, Вичаи Шриваданапраба кој му понуди тригодишен договор.

Шекспир првично требаше да го води тимот на едно или две кола додека не се најде наследник за Клаудио Раниери кој во февруари доби отказ, неполна година откако со Лестер ја освои првата шампионска титула во Премиер лигата. Но, Лестер под водство на Шекспир оствари две победи, па 53-годишниот тренер доби шанса да го води тимот до крајот на сезоната. Под негова палка, Лестер конечно заигра добро и во последните 16 првенствени натпревари запиша осум победи и избори пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Тоа беше доволна препорака за управата на клубот да ја продолжи соработката со англискиот тренер.

Добив шанса да продолжам со овој проект, поради тоа сум среќен и горд. Сигурен сум дека следната сезона ќе бидеме подобри“ – изјави Крег Шекспир .

Лестер сезоната ја заврши на 12.место, а во својот прв настап во Лигата на шампионите стигна до четвртфиналето во кое беше елиминиран од Атлетико Мадрид.

sekspir

Се вчитува...