Шест гола на Георгиевски во триумфот на ЧСМ Букурешт

Гоце Георгиевски со тимот на ЧСМ Букурешт славеше победа на домашен терен против Фагараш со 35-30, во натпреварот од 11.коло во првенството на Романија.

Македонскиот репрезентативец постигна шест гола и беше втор стрелец во победата на својот тим. Еден погодок повеќе од Герогиевски имаше Шпанецот Хавиер Хумет.

По 11 одиграни натпревари ЧСМ Букурешт има шест победи и пет порази и моментно е на 6.место на табелата во Романија.

Се вчитува...