Шест гола на Лазаров во новиот триумф на Барселона

Барселона стигна до уште една рутинска победа во шпанската АСОБАЛ лига. На гостувањето против Вила де Аранта, шпанскиот првак славеше со 23-39 (10-17) и со 23.триумф сезонава се зацврсти на лидерската позиција на табелата.

За ракометарите на Барселона и овој натпревар беше уште една лесна задача во шпанскиот шампионат во кој се апсолутно супериорни. На полувремето избраниците на Чави Пасквал имаа предност од 10-17, а во вториот дел го засилија темпото и стигнаа до уште една двоцифрена победа.

Најефикасни во составот на Барселона беа капитенот Виктор Томас со максимални 8/8 и Кире Лазаров кој ги заврши мечот со шест гола.

Борко Ристовски на овој меч остана на клупата, а Гонзало Перез де Варгас беше на голот на Барселона и запиша 14 одбрани.

Се вчитува...