Шифрин без медал, Хансдотер до златото во слалом

Шведската скијачка Фрида Хансдотер го освои златото на слаломската трка во Пјонгчанг приредувајќи вистинско изненадување за љубителите на алпското скијање.

Хансдотер дојде до златото со вкупно време по двете трки од 1:38.63 минути, пред Швајцарката Велнди Холденер која беше водечка по првата трка. Бронзата ја освои Австријката Катарина Галхубер со 0,32 секунди заостанување зад победничката.

Бранителката на титулата, Американката Микаел Шифрин остана без медал освојувајќи го четвртото место со 0,4 секунди заостанување зад Хансдотер.

Се вчитува...