Шифрин: Јас и Фелпс? Не можеме да бидеме заедно ниту во иста реченица…

Американската скијачка Микаела Шифрин, која убедливо води во Светскиот куп, не сака ниту да помисли да се споредува со Мајкл Фелпс, човекот кој освои 23 олимписки медали, еден од најголемите пливачи во историјата. Таа на новинарско прашање дали можеби може да ја достигне неговата олимписка слава, веднаш одговори дека прашање е „лудо“.

„Но, што ви е, зарем сте луди? Тој има 23 олимписки медали, а на ЗОИ нема спорт во кој можете да освоите толку медали за три или четири олимпијади. Таквите споредби ми ласкаат, но не можам ниту да се замислам да бидам во иста реченица со Мајкл Фелпс“, одговори искрено Микаела Шифрин.

Таа ќе го брани златниот медал во слалом од ЗОИ во Сочи, но ќе се обиде да стигне до првото место и во велеслалом. Иако е специјалист за техничките дисциплини, оваа сезона има еден триумф и во спуст во Светскиот куп во алпско скијање.

Се вчитува...