Шиков дебитираше за казахстанскиот Тобол… (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Ванче Шиков дебитираше во дресот на својот нов клуб, казахстанскиот Тобол.

Шиков го одигра целиот натпревар за Тобол на гостувањето против Астана во 21. коло од шампионатот на Казахстан. Тобол загуби од лидерот во првенството со 2-0.

По 21 коло во Казахстана, Тобол е на четвртата позиција на табелата со 31 бод, 20 помалку од водечката Астана.

Се вчитува...