Ширер: Арсенал ја промени својата ДНК

Легендарниот фудбалер на Њукасл, Алан Ширер, испрати критики кон премиерлигашот Арсенал, додавајќи дека клубот во последните неколку сезони го промени пристапот кон натпреварите, сметајќи дека ја променил својата ДНК.

Кога навивачите не гледаат жар на теренот, незадоволството е очекувано…

„Сигурно е дека Венгер ќе остане во Арсенал, а нивната ДНК во периодот 1997 – 2005 е тотално поинаква од таа што ја има клубот во последните неколку сезони. Очекувано е фановите да бидат гневни, затоа што на теренот не гледаат борба и страст. Според мене, сметам дека Венгер треба да остане во клубот, затоа што од бизнис агол, тој е идеален“ – истакна Ширер.

Се вчитува...