Шишкарев уште една сезона во Вардар

Рускиот интернационалец, Данил Шишкарев, и во следната сезона ќе го носи дресот на Вардар. Шишкарев и управата на македонскиот шампион договорија продолжување на соработката и во сезоната 2017/2018.

Данил Шишкарев во Скопје дојде во 2014 година и настапот во Вардар му е прво интернационално искуство. Претходно, тој настапуваше во Русија, во екипите на Чеховски медведи и на Зарја Каспија Астрахан.

Со „црвено-црните“ освои две шампионски титули во Македонија и два пати беше победник во регионалната СЕХА лига, а оваа сезона прв пат со Вардар ќе игра и на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Се вчитува...