Шишковски: Работнички си чекори според планот

Работнички одигра 0-0 на гостувањето против Победа во Прилеп, но се зацврсти на третата позиција на табелата која носи сигурен излез во Европа, со оглед дека конкурентите Пелистер и Силекс доживеаја порази. Младинскиот репрезентативец, голманот Дамјан Шишковски, вели дека „романтичарите“ го спроведуваат зацртаниот клупски план.

„Најважно е што Работнички чекори според планот. Се наоѓаме на третата позиција, која носи излез во Европа и ќе се потрудиме до крајот да ја задржиме. Сега се зависи од нас, доколку ние победуваме, ривалите не можат да не изместат од посакуваното место. Но, има уште многу до крајот, и мораме да останеме фокусирани. Што се однесува до мене, од голмански агол, секако дека мора да се биде задоволен, кога мрежата ќе остане мирна“, вели Дамјан Шишковски за официјалниот клупски сајт, анализирајќи го настапот против Победа.

Фото: www.fkrabotnicki.com

Се вчитува...