Шкендија е безмалку шампион, за Силекс повеќе од силен предизвик за надигрување!

Шкендија и Силекс денеска во Тетово го играат најинтересниот натпревар во рамките на 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Веќе сосема извесен е патот на Шкендија кон освојувањето на шампионскиот трофеј сезонава, па токму тоа е дополнителен предизвик за кратовци за сериозно надигрување. Новиот македонскиот шампион е повеќе од сериозен мотив за добар натпревар…

„Да, Шкендија ќе биде новиот македонскиот шампион. И сосема заслужено согласно игрите кои ги демонстрираше оваа сезона. Токму затоа е и нашиот дополнителен мотив за квалитетно издание во Тетово и добар натпревар“ – вели стратегот на Силекс, Жикица Тасевски.

Вардар, пак, во Скопје го пречекува составот на Ренова. Без некој резултатски императив но секако носен од желбата да се врати на победите во домашните натпреварувања. Четири едноподруго меча „вардарци“ не знаат за триумф.

Денеска уште два прволигашки натпревари ќе има на југот од земјава. Академија Пандев, по дуелот во полуфиналето од Купот, повторно на мегдан со Пелистер, овој пат во Турново.

„Пандевци“ посакуваат продолжување на победите против битолските „зелени“ оваа сезона. Претходно запишаа два триумф во шампионот, во Битола (3-4) и во Струмица (2-0).

Прилепска Победа, која се уште не може да игра на својот стадион во Прилеп, како домаќин на Работнички ќе игра во Струмица. Прилепчани под водство на новиот тренер Слободан Крчмаревиќ.

Се вчитува...