Шкендија ја покажа силата, Работнички си ја има маката (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ќатип Османи им порача на фудбалерите на Шкендија да не ја повторат слабата игра од мечот со Победа (3-3) и тие му одговорија на најдобар начин, со убедлив триумф (2-6) против Работнички на стадионот во Ѓорче Петров. Имаа многу шанси, можеше и уште неколку пати да се тресе мрежата на „романтичарите“, но тоа го спречи голманот Дамјан Шишковски.

Со овој триумф, Шкендија се зацврсти на првата позиција на табелата, а Работнички си ја има маката, затоа што падна на дното, на последното место од прволигашката табела. Овој тим има и еден одигран меч помалку, и тоа против македонскиот првак Вардар. Но, по пет кола, Работнички има два бода и се уште нема победа во шампионатот.

[new_royalslider id=”776″]

Се вчитува...