Шкендија преку пеналите обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Шкендија преку пеналите обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот

Шкендија преку пеналите обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот

Тетовска Шкендија последна обезбеди денеска пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија откако славеше со 3-2 по пеналите против екипата на Работнички.

Реванш дуелот во Тетово во регуларниот дел заврши без победник (1-1), идентично како и на пресметката во Скопје. Па потоа се прејде на изведувањето на пеналите.

А, од белата точка, кај Работнички не реализираа Херера, Митрев и Миле Тодоров, додека Божиновски на спротивната страна единствено го одбрани ударот на Бесарт Ибраими.

Претходно, Шкендија поведе со голот на Марјан Радески во 4. минута, а на „романтичарите“ пенали им донесе Херера со феноменалниот гол во 80. минута за израмнување на резултатот на 1-1…

РЕЗУЛТАТИ КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (реванш дуели)

Струга Трим Лум – РЕНОВА 2-2 (2-3)

ШКЕНДИЈА – Работнички 1-1 (1-1) – 3-2 НА ПЕНАЛИ

ПОБЕДА – Брегалница 5-1 (3-2)

Борец – ПЕЛИСТЕР 1-3 (2-4)

Еуромилк ГЛ – СКОПЈЕ 0-3 (0-3)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – Силекс 5-0 (0-1)

ВЧЕРА

ТЕТЕКС – Кожуф 3-2 (2-2)

  • Во заградата се резултатите од првите средби

ВАРДАР – ШКУПИ (8. и 29. ноември)

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.