Шкендија се привикна на амбиентот во Вилнус (ФОТО)

Фудбалерите на Шкендија го одработија официјалниот тренинг на „ЛФФ“ стадионот, каде утре со почеток од 18.30 часот ќе ги одмерат силите против литванскиот тим Тракаи. Тренерот Ќатип Османи ја увиде формата на своите избраници, и има уште неполни 20 часа за да ги разреши дилемите околу стартниот состав. Ќе го нема на располагање Штефан Вујчиќ поради повреда, но добрата вест е што Стенио Жуниор е максимално подготвен, како и Мевљан Мурати.

Капитенот Ферхан Хасани на прес – конференцијата најави офанзивен пристап и желба за триумф на утрешниот натпревар.

skendija vilnus 2

skendija vilnus 3

skendija vilnus 4

Се вчитува...