Шкендија тренираше на „Младост“, очекува повеќе среќа отколку во Купот (ВИДЕО)

Струмица можеби и не буди најубави спомени за фудбалерите на Шкендија. На стадионот „Младост“ тие го загубија финалето на Купот на Македонија од Пелистер по изведување пенали, но Ферхан Хасани и другарите се надеваат дека овојпат Струмица ќе им биде многу поталична во Европа.

Шкендија го одработи последниот тренинг во пресрет на утрешниот меч против Дачија, прв дуел од воведното коло во квалификациите за Лигата на Европа. Минатата сезона Шкендија стигна далеку, на чекор до пласман во групната фаза, надежите се дека може да повтори таков европски поход и ова лето…

Се вчитува...