ШКОДА KODIAQ SCOUT: Робусниот изглед ги нагласува офроуд карактеристиките

  • Премиера во март 2017 година на меѓународниот автомобилски саем во Женева
  • Модел со специфичен преден и заден дел и 19-инчни тркала
  • Специфичната опрема го истакнува стабилниот карактер
  • Четири мотори на располагање кои се движат од 110 kW (150 КС) до 140 kW (190 КС)
  • Информативно-забавниот систем и системите за помош поставуваат нови стандарди во рамките на SUV сегментот

ŠKODA продолжува со својата моделска офанзива во SUV сегментот. Со новиот модел ŠKODA KODIAQ SCOUT, чешкиот производител ќе се претстави на меѓународниот автомобилски саем во Женева од 07 до 19 март 2017 година. Брендот ќе претстави варијанта на основниот модел кој ги поседува сите теренски способности како визуелно така и во поглед на технологијата. Остриот и робустен изглед e акцентиран преку сребрената боја на дизајнерските детали, вклучувајќи ја и карактеристичната заштита на подвозјето на предниот и задниот дел. За моќниот изглед исто така придонесуваат и 19 инчните алуминиумски тркала кои се специјално направени за ŠKODA KODIAQ SCOUT. А изборот на два бензински и два дизел мотори се достапни кај новиот модел, кој доаѓа со погон на сите тркала во сите верзии. Централен дел на погонот на сите тркала е електронската контролирана спојка, која се наоѓа во предниот дел на задниот диференцијал, односно на крајот на погонското вратило, со цел оптимална дистрибуција на оптоварувањето на оските. Системот на сите тркала работи брзо и интелигентно, неговата контролна единица постојано ги пресметува идеалниот вртежен момент за задната оска.

Клиентите на KODIAQ SCOUT можат да изберат еден од следниве четири мотори:

1.4 TSI 110 kW (150 КС) 4 × 4, максимална брзина од 197 km / h, 0-100 km / h за 9,8 секунди, комбинирана потрошувачка од 6,8 l / 100 km, 153 g CO2 / km2.0 TSI 132-kW (180 КС) 4 × 4, максимална брзина од 207 км / ч, 0-100 km / h за 8,0 секунди, комбинирана потрошувачка од 7,3 l / 100 km, 168 g CO2 / km2.0 TDI 110 kW (150 КС) 4 × 4, максимална брзина од 197 km / h, 0-100 km / h за 9,5 секунди, комбинирана потрошувачка 5.3 l / 100 km, 139 g CO2 / km2.0 TDI 140 kW (190 КС) 4 × 4, максимална брзина од 210 km / h, 0-100 km / h за 8,9 секунди, комбинирана потрошувачка од 5,7 l / 100 km, 150 g CO2 / km

Благодарение на неговата должина од 4,70 метри, возилото го има најголемиот багажен простор во класата и ентериер кој може да се нарача и со седум седишта. Со својата пространост и предиспозиции новиот ŠKODA KODIAQ уште при своето деби привлече многу внимание. Дизајнот го одразува дизајнерскиот идентитет на брендот и претставува добра комбинација на емоција и рационалност. Верзијата SCOUT на моделот ŠKODA KODIAQ јасно ја истакнува сила со посебени дизајнерски карактеристики и е одраз на неговиот моќен карактер. Покрај заштитата на подвозјето, ŠKODA KODIAQ SCOUT е препознатлив однадвор со затемнетите задни прозорци и задните странични прозори, кои  штитат од силното сонце. Решетката на ладилникот со посебна декорација е во сребрена боја. Шините на покривот, куќиштето на страничниот ретровизор, декорацијата на страничниот прозорец, како и предната и задната заштита на подвозјето, кои се поставни под браниците се исто така во сребрена боја.

Страничниот изглед на секој од моделите ŠKODA KODIAQ се карактеризира со кратко продолжување на неговиот кос покрив и е визуелно продолжение на D-столбот и острената задница. На ŠKODA KODIAQ SCOUT е исто така опремена со стандардни 19-инчни алуминиумски тркала специјално направени  за овој модел. Покрај тоа, моделот има мал беџ со ознака на предната страна и на касетата.

На ŠKODA KODIAQ SCOUT е опремен со сите модерни информативно забавни системи. Екраните кои ги прикажуваат потребните информации се осетливи на допир. Врвната верзија со систем за навигација Columbus, има 9,2-инчен дисплеј, Wi-Fi и LTE модул. Функцијата за итни повици  е автоматска и доаѓа како стандардна опрема. Мобилните онлајн услуги од ŠKODA Connect се совршен додаток за иновативниот информативно забавни систем. Преку овој систем ŠKODA постави нови стандарди во однос на содржините, информациите, забавата како и системите за помош на возачот, а сите опции можат да се конфигурираат преку вашиот домашен компјутер или преку апликацијата на вашиот паметен телефон.

Комерцијален текст

Се вчитува...