Шкупи го доби футсал – дербито со Велес во Чаир

Шкупи успеа да го совлада КМФ Велес со 2-1 во дерби – натпреварот од шампионатот во футсал во Македонија. Тоа е прв пораз за Велес во првенството, а Шкупи и понатаму останува непоразен и сега се наоѓа во предност во трката за шампионската титула.

futsal derbi4

Шкупи во првото полувреме оствари предност од 2-0, а потоа умешно го бранеше водството. Велес намали на 2-1, но до крајот сепак не успеа и да стигне до израмнување. Шкупи имаше огромна поддршка од публиката, а на трибините беа и дел од фудбалерите на прволигашот Шкупи.

futsal derbi1

Се вчитува...