Шкупи ја продолжи соработката со Бесарт Кривањева до 2021 година

Прволигашот Шкупи ја продолжи соработката со својот член од првиот тим Бесарт Кривањевa до 2021 година. Со потпишувањето на новиот три ипол годишен договор Кривањева ја доби заслужената поддршка од клубот по успешните настапи сезонава.

„Шкупи  полека се враќа на вистинскиот пат, повторно ќе биде еден од најголеми клубови во Македонија, па затоа одлуката да останам тука и да го продолжам договор беше лесна. Верувам во амбициите на клубот и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата“, истакна Кривањева.

21-годишниот дефанзивец сезонава настапи на 18 натпревари во домашното првенство, додека во октомври го забележа своето деби во дресот на македонската репрезентација до 21 година, во поразот од Србија од 2-0 кој се одигра во Скопје, во рамките од квалификациите за ЕП 2019. Кривањева е член на Скопје од почетокот на 2017 година, а пристигна од редовите на Металург.

Се вчитува...