Шкупи ќе биде домаќин во Аеродром во кошаркарската Прва лига

Новиот македонски прволигаш Шкупи својот прв домашен натпревар сезонава ќе го игра во Аеродром, во салата СЦ „Јане Сандански“. Клубот од Чаир во „пет до дванаесет“ влезе во елитата по одлуката на МКФ за проширување на лигата, но салата во оваа скопска населба е далеку под стандардите за одигрување на натпревари во елитното друштво.

Комесарот за натпреварување во текот на вчерашниот ден и самиот се уверил во капацитетите на овој спортски објект, по што на челниците на Шкупи им е јасно ставено до знаење дека натпреварите како домаќини ќе мора да ги играат на друго место.

Шкупи по почетниот пораз од Пелистер во Битола во рамките од второто коло ќе го пречека домаќинот МЗТ Скопје, а раководството на новиот прволигаш ја избра салата на „гостинот“, СЦ „Јане Сандански“, за својот премиерен домашен дуел. Од Шкупи се уште се немаат изјаснето дали салата во населба Аеродром е долгорочно решение за проблемот, или пак овој тим ќе се сели во неколку различни арени во текот на сезонава.

Се вчитува...