Шкупи му врачи отказ на Ардијан Нухиу

Раководството на прволигашот Шкупи одлучи да му врачи отказ на тренерот Ардијан Нухиу. Причина за отказот се лошите резултати во последните пет натпревари од домашното првенство, во кои Шкупи освои само шест бодови, што е недоволно според управата која во следниот период ќе назначи негов наследник на клупата.

„Несомено клубот ќе продолжи да работи според планот. Нашата цел е иста, ние сакаме да продолжиме да напредуваме, со напор и вложувања во академијата, но исто така планираме да донесеме неколку големи засилувања за следната сезона. И покрај тоа што и оваа сезона донесовме квалитетни засилувања, не го добивме резултати кои ги посакувавме, па затоа сметаме дека е најдобро да ја прекинеме соработката со тренерот Ардијан Нухиу. Тој имаше голем придонес за нашиот развој во изминатиов период, и за тоа сме му благодарни“, истакна сопстевеникот на клубот, Шефшет Демири.

Нухиу застана на чело на стручниот штаб на Шкупи во 2016 година, а по крајот на минатата сезона потпиша двегодишен договор откако клубот го зачува статусот прволигаш.

Во досегашниот дел од сезоната, екипата од Чаир се наоѓа на четвртата позиција на табелта во ПМФЛ, со освоени 29 бодови при одиграни 23 натпревари.

Се вчитува...