Шкупи непоразен се враќа и од Тетово: Ренова напаѓаше, но гол немаше

Шкупи ја продолжи позитивната серија и на гостувањето во Тетово. По трите победи во низа, тимот од Чаир извлече реми без голови на гости кај Ренова. Тоа дефинитивно е убав резултат за составот на Ардијан Нухији.

Гостите беа определени да го сочуваат почетниот резултат, а Ренова беше тимот што бараше погодок. Можеше да го постигне во завршните моменти од средбата, но Емран Рамадани ја погоди стативата, по акцијата на Валмир Нафиу од левата страна.

По седум одиграни мечеви, Шкупи во моментот се искачи на третата позиција на табелата со 11 освоени бода, и сигурно е најпријатното изненадување заедно со Академија Пандев.

Се вчитува...