Шкупи потврди, Вујчиќ потпиша: Шест месеци на Чаир, со опција за уште една година

Штефан Вујчиќ и официјално е ново засилување на Шкупи, откако клубот го потврди неговото доаѓање на Чаир. Тој се договори со раководството на чаирчани за шестмесечна соработка, со опција за продолжување и за уште една дополнителна сезона, доколку двете страни бидат задоволни.

Вујчиќ во изминатите 18 месеци го носеше дресот на Шкендија, а претходно беше дел од Работнички. Има настапувано и за германскиот тим Холштајн Кил, како и за хрватскиот клуб Интер Запрешиќ.

Шкупи до крајот на денот се очекува да го претстави Баже Илијоски.

Се вчитува...