Шкупи ремизираше со Дрита Гњилане

Македонскиот прволигаш Шкупи го имаше првиот тест во текот на зимските подготовки и одигра 1-1 против Дрита Гњилане. На стадионот во Ѓорче Петров, избраниците на Ардијан Нухији ја имаа првата проверка.

Поведе Шкупи со голот на Ален Јашароски во првиот дел, а гостите израмнија во второто полувреме. Дрита Гњилане пропушти да реализира и пенал на овој меч.

Се вчитува...