Шкупи се жали, реваншот со Вардар мора да го игра во Ѓорче Петров

Стадионот во Чаир не ја мина денешната контрола на претставниците на ФФМ, со што пропадна и последната надеж на Шкупи дека реваншот од Купот на Македонија против Вардар ќе може да го одигра на својата арена, пред своите верни навивачи. Челниците на Шкупи изразија разочарување од ваквата одлука, уште повеќе поради фактот дека како единствена опција за одигрување на овој реванш дуел им бил посочен стадионот во Ѓорче Петров, каде се одигра и првиот натпревар на кој Вардар и Шкупи од Купот на Македонија (1-1).

Претставниците на ФФМ не дадоа зелено светло за натпреварот да се игра на нашиот терен бидејќи не ги исполнувал услови, но исто така и ни беше посочено дека единствена алтернатива е стадионот во Ѓорче Петров, кој воопшто не нуди подобри услови од оној во Чаир. Во една ваква ситуација неаме избор и мораме да играме во Ѓорче Петров, а со ваквиот однос Фудбалската Федерација на Македонија уште еднаш покажа дека за едни е мајка, а за други маќеа“ – се вели во реакцијата на Шкупи.

Реванш натпреварот од Купот на Македонија меѓу Шкупи и Вардар ќе се игра на 17 декември (недела) во 13 часот.

Се вчитува...