Шмал уште една година на голот на Кјелце

Кјелце се подмладува на речиси сите позиции во тимот, но актуелниот европски првак не се откажува од својот најискусен ракометар – голманот Славомир Шмал. Искусниот чувар на мрежата има 38 години, но се уште важи за еен од лидерите на „сино-жолтите“, па раководството на Кјелце неслучајно ја продолжи соработката со него за уште една сезона.

„Емоциите кои останаа од минатата сезона, кога покажавме дека можеме да се носиме со најдобрите во Европа, па и да ги победиме, беа клучен фактор да решам дека се уште можам да му помогнам на тимот. Се наоѓам во фаза на кариерата кога не ми се потребни нови предизвици, затоа од понудите што ги добив ја прифатив онаа на мојот сегашен клуб“ – изјави Шмал, кој по ОИ во Рио де Жанеиро ја заврши својата репрезентативна кариера.

Искусниот голман е дел од Кјелце уште од 2011 година, кога дојде назад во Полска од редовите на Некар Левен.

Се вчитува...