Шнидерлин се сели во Марсеј?

Францускиот клуб Олимпик Марсеј е сериозно заинтересиран за ангажман на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Морган Шнидерлин. Тој не е во најтесните планови на менаџерот Жозе Мурињо и оваа сезона речиси воопшто не добива минутажа, а медиумите на Островот информираат дека клубот од „Олд трафорд“ сака да го продаде. Тоа сака да го искористи Андони Зубизарета, новиот спортски директор на Олимпик Марсеј, кој од новите американски сопственици доби задача да оформи конкурентен тим,  кој во иднина би се борел за шампионската титула во Франција.

Според најавите, Олимпик Марсеј е подготвен да плати 24 милиони фунти за Морган Шнидерлин, понуда што веројатно би го задоволила раководството на Манчестер јунајтед, ако се знае дека беа одбиени 19 милиони фунти од Евертон.

Шнидерлин е француски интернационалец кој на почетокот од својата кариера настапуваше за Стразбур, а потоа се пресели во англискиот премиерлигаш Саутемптон.

Се вчитува...