Шок на стартот во НБА лигата – Хјустон го „сруши“ шампионот!

Хјустон рокитс славеа против Голден стејт со 122-121 на стартот од новата сезона во НБА лигата. Екипата од Тексас направи голем пресврт надополнувајќи минус од 17 поени, иака шутот за победа на Голден стејт, всушност, го погоди Кевин Дурант но топката ја исфрли по истекот на времето.

Откако „воините“ одиграа одлично полувреме, Хјустон полека се враќаше во вториот дел па успеа да фати приклучок со тројката на Тревор Ариза на само две минути пред крајот за 119-118. На 44 секунди пред крајот имаа и 121-122, а последниот шут со задоцнување го погоди Дурант. Па, шампионот одбраната на титулата ја почна со пораз.

Харден го предводеше својот тим до триумфот со 27 поени, 10 асистенции и 6 скока, а три поени помалку имаше Ерик Гордон. На спротивната страна, Ник Јанг заврши со 23 поени, од кои 20 во првиот дел. Го следеше Кари со 22 поени и 5 скока, а Дурант запиша 20 поени, 5 скока и 7 асистенции.

Во дербито на Истокот, пак, Кливленд славеше со 102-99. Овој дуел го одбележа првиот мегдан на Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг од разделбата, но и тешката повреда на Гордон Хејворд во петтата минута.

Се вчитува...