Шок од Италија: Анчелоти се враќа во клубот каде што го нарекуваа „свиња“?

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти би можел да се врати на клупата на Јувентус, откриваат медиумите на Апенините. Ова е изненадувачка информација ако се знае дека фановите на „старата дама“ воопшто не го респектираа Анчелоти и му истакнаа транспарент „Свињата никогаш не треба да биде тренер на Јувентус“.

Но, сега времињата се променети, а раководството на клубот во него гледа стабилен наследник на Масимилијано Алегри. Од друга страна, и тој би можел на крајот од сезоната да се врати во својот поранешен клуб Милан. Винченцо Монтела очигледно не може да се носи со притисокот да го предводи новиот тим на „росонерите“, во кој се вложени повеќе од 200 милиони евра, а не ги дава очекуваните резултати на стартот од сезоната. Доколку добие отказ, неговата позиција ќе ја наследи Џенаро Гатусо кој е тренер на младинците на Милан, а на почетокот на идната сезона палката треба да ја добие Алегри.

 

Се вчитува...