Шок во Челси, Мората неизвесен за дербито со Јунајтед

Шпанскиот интернационалец Алваро Мората ќе отсуствува многу подолго од фудбалските терени од првичната прогноза. Иако Антонио Конте најави дека Шпанецот ќе се врати на тренинзите по десетина дена, сепак, тој ќе мора да паузира еден месец. Ова го прави неизвесен дури и за дербито против Манчестер јунајтед, што ќе се одигра на 5. ноември на „Стемфорд бриџ“.

Летното засилување на Челси заработи повреда на бутниот мускул на натпреварот против Манчестер сити и првично се мислеше дека ќе ги пропушти репрезентативните мечеви на Шпанија против Албанија и Израел, како и дуелот од ЛШ против Рома. Но, Мората евидентно нема да му биде на располагање на Конте ниту за мечевите против Кристал Палас, Ватфорд и против Бурнемаут. Лекарскиот тим ќе се обиде да го оспособи за настап токму за дербито против „црвените ѓаволи“ следниот месец.

Се вчитува...