Шок во Хрватска: Почина 27-годишен голман од Задар

Тажна и шокантна вест ја шокираше денеска Хрватска. Неочекувано синоќа, непосредно по натпревар во мал фудбал, почина 27-годишниот голман Антонио Јурјевиќ.

Јурјевиќ бранел во неколку клубови од Втората лига на Хрватска, а неговите двајца браќа Карло и Јосип се фудбалери на Задар.

Ненадејната смрт на младиот фудбалер ја натажи хрватската фудбалска јавност. Синоќа со својот клуб во мал фудбал обезбедил полуфинале во лигата, за да потоа заминал дома жалејќи се на замор. Според непотврдените информации починал во сон од застој на работата на срцето.

Се вчитува...