Шок за Барса: Ласе Андерсон паузира шест месеци - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
24/09/2017 18:22
Фудбал
24/09/2017 17:34
Фудбал
24/09/2017 15:20
Фудбал
24/09/2017 15:23

Шок за Барса: Ласе Андерсон паузира шест месеци

Шок за Барса: Ласе Андерсон паузира шест месеци

Барселона игра извонредно на ракометните терени ширум Европа оваа сезона, но шансите на каталонскиот гигант за титулата во Лигата на шампионите осетно се намалија со повредата на Ласе Андерсон.

Данскиот бек се повреди за време на саботниот дуел против Висла Плоцк, а деталните прегледи ги потврдија стравувањата дека станува збор за сериозен проблем со коленото, што значи и крај на сезоната за „бомбардерот“ на каталонскиот гигант.

По тестовите што беа извршени врз Ласе Андерсон, утврдено е кинење на лигаментите на левото колено. Тој ќе биде опериран во најскоро време, по што ќе следи пауза од околу шест месеци од ракометните терени“ – се вели во соопштението на каталонскиот гигант.

Барселона е слободна во осминафиналето од Лигата на шампионите, а во четвртфиналето тимот на нашите Борко Ристовски и Кире Лазаров ќе го има подобриот од двомечот меѓу германските гиганти, Кил и Некар Левен.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.