Шок за Клиперси: Повреда на Милош Теодосиќ

ЛА Клиперс славеше убедливо со 130-88 против Феникс на синоќешниот дуел од НБА лигата, но мечот нема да го памети по добро поради шокирачката повреда на српскиот репрезентативец Милош Теодосиќ.

Пред крајот на втората четвртина, стапнувајќи на ногата на Девин Букер, Теодосиќ се повреди и веднаш беше префрлен во болница, каде за среќа е констатирано дека нема скршеница. Меѓутоа, во текот на денот треба да има дополнителни лекарски прегледи за да се утврди тежината на повредата.

До моментот на повредата Милош Теодосиќ одигра десеттина минути на теренот, со пет постигнати поени и две асистенции. Во триумфот на ЛА Клиперси најдобар беше Блејк Грифин со 29 поени, а го следеше Лу Вилијамс со 18 поени.

Се вчитува...